Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.
-Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.
Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.