сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ДСП „Обединети работници“: Ја поздравуваме иницијативата на Комората на сметководители – работниците заслужуваат, работниците можат!

ДСП „Обединети работници“: Ја поздравуваме иницијативата на Комората на сметководители – работниците заслужуваат, работниците можат!

ДСП „Обединети работници“ ја поздравува иницијативата на Комора на сметководители на Македонија да се приклучи на протестите кои што ги започна Т.У.К! Голем дел од гранките во Република Македонија се наоѓаат во незавидна положба поради нивното запоставување од страна на власта, па тие се приморани да го искажат својот револт преку учество во протести на кои што ќе ги истакант своите основни егзистенцијални барања, стои во соопштението на ДСП „Обединети работници“ до јавноста.

– Комората на сметководители на Македонија се реши на овој потег, па од денес започна со протести пред Министерството за финансии каде што бараат спас за дејноста која што се соочува со многу предизвици за време на целата здравствено-економска криза. Ваквата иницијатива на Комората на сметководители на Македонија секако е за поздравување и се радуваме што се приклучија во низата протести преку кои што ќе се актуелизираат проблемите на работничката класа, велат од здружението.

– ДСП „Обединети работници“ беше дел од денешниот протест и ќе продолжи да биде дел од сите наредни протести на Комора на сметководители на Македонија, давајќи целосна и недвосмислена поддршка во борбата за подобрување на условите во која што се наоѓа оваа фела. Работниците заслужуваат, работниците можат. Време е за обединување, посочуваат тие.

Најнови вести