Околу една година немало ТВ дуел помеѓу главните политички лидери и противници на македонската политичка сцена.
По долгата пауза од меѓусебни соочувања, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил најави ТВ дуел со премиерот Зоран Заев, вечерва во 18:30 часот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Соочувањето меѓу Мицкоски и Заев е планирано од поодамна со оглед на тоа дека телевизијата Канал 5 првата најава за дебатата ја пушти пред 5 дена.