вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ ги потврди имињата на министрите: Бујар Османи во МНР, Груби вицепремиер, а Бесими во финансии

ДУИ ги потврди имињата на министрите: Бујар Османи во МНР, Груби вицепремиер, а Бесими во финансии

По партискиот состанок ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства во кои ќе има свои кадри. Имињата се исти со оние за кои се шпекулираше во текот на денот, освен за Министерството за информатичко општество каде дополнително ќе биде одлучено кој ќе го води.

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

Талат Џафери останува собраниски спикер. „Фокус“ синоќа објави дека на ДУИ ќе им припаднат Министерството за надворешни работи, Министерство за финансии и економија.

Најнови вести