вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ им го честита на православните верници признавањето на Охридската Архиепископија

ДУИ им го честита на православните верници признавањето на Охридската Архиепископија

Демократската унија за интеграција ја поздравува одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија во литургиското и канонското општење.

„Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во нашата земја за оваа долгоочекувана одлука, која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот.

Од исклучително значење за иднината на државата е што се решава уште еден повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги афирмира вредностите на меѓуверска почит и толеранција.

Демократската Унија за Интеграција смета дека хоризонтот на помирување меѓу народите е отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да се продолжи со носење на храбри одлуки и да преовладува рационалноста над штетните изолирачки недоразбирања“, се вели во партиското соопштение.

Најнови вести