четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата поднесена до собранието од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната средба со опозициската партија побарале сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа.

Алијанса на Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела. Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.

Со резолуцијата поднесена од ВМРО ДПМНЕ се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.

Вчера владејачката СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата онака како што е предложена.

Најнови вести