Како тоа Зоран Заев го пријавил случајот „Рекет“ во обвинителството кога во списите стои дека случајот го пријавил Орце Камчев истакна адвокат Сашо Дуковски на Бојан Јовановски во телевизија 24.
-Обвинителството односно Вилма Русковска вели дека случајот го пријавил Орце Камчев. По ова што вие ми го прочитавте, реакцијата на Заев излегува дека Зоран Заев го пријавил случајот. Нека се договорат. Јас во списите видов дека случајот е пријавен од Орце Камчев. Е сега ако коза лаже, рог не лаже, ете го предметот во обвинителството. Нека се договорат кој го пријавил, вели Дуковски.
Тој истакнува дека од одбраната три пати било побарано да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски, но тоа не било дозволено единствено бил споделен скриншот од комуникација помеѓу Заев и Јовановски каде се глорифицира екс премиерот.
-Но има предисторија ова тогаш кога тие имаат некакви комуникации. Но и тоа беше многу редуцирано беше даден само еден скриншот каде се глорифицира премиерот Заев како му вели тоа и тоа. Дали некого можете да му пратите порака ако претходно не сте имале комуникација. Зошто телефонот не е вештачен. Ако јас имам чист предмет. Три пати е побарано, три пати е одбиено, вели Дуковски.