За 12 лица обвинети од предметот „27 април“ има решение за амнестија. Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски како и Јохан Тарчуловски.
Имињата на дванаесетмината ги соопшти претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев гостувајќи на телевизија 24.
Прифатените амнестии следуваат откако прво утрово од Основниот суд Скопје 1 испратија 66 барања за амнестија до обвинителството од кои 29 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а 37 до Основното јавно обвинителство Скопје.