понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојните аршини на Заев: Од Чулев бараше оставка за литијата во Струга, а за трегедијата со тетовската модуларна болница ќе чекал да заврши истрагата!

Двојните аршини на Заев: Од Чулев бараше оставка за литијата во Струга, а за трегедијата со тетовската модуларна болница ќе чекал да заврши истрагата!

Премиерот Зоран Заев минатата година за литијата во Струга бараше оставка од Чулев, а по големата трагедија во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 14 лица од неговиот министер за здравство Венко Филипче на само што не побара туку и истата не ја прифаќа.

На 8 мај 2020 годин, тогаш како лидер на СДСМ Зоран Заев поради литијата во Струга на која присуствуваа поголем број на верници побара оставка од тогашниот технички министер на МВР Наќе Чулев.

Имено, тогаш Заев на својот профил на Фејсбук го обвини Чулев за настани во Струга, кога бројни граѓани се собраа на литија, иако биле забранети масовни собири.

Според Заев, тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагирале и дозволиле да се случaт овие инциденти, покрева највисок степен на одговорност кај него и морал да заврши со итна негова оставка.

– Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Прашуваше тогаш лидерот на СДСМ преку својот прифил на Фејсбук.

Со ваквите постапки, обвини тогаш Заев, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ повторно нѐ потсетуваат дека кај нив нема грам срам, ниту одговорност.

-Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ преземаат опасни чекори во здравствената криза. Тие повторно тргнуваат од нивната вечна партиска позиција: колку е полошо за граѓаните, толку е подобро за опозицијата. Нема ниту еден разумен и добронамерен човек кој би можел ова да го оправда. Затоа, на вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе – Оставка!, напиша тогаш Заев во својата објава.

Ваквата негова реакција би била во ред, доколку не покажеше двојни аршини, кога во негов мандат се случи една од најголемите трагедии во поновата историја во Република Македонија, кога на 8-ми септември токму на денот на независноста изгореа живи 14 лица во тетовската модуларна болница во Тетово, а току Зоран Заев не побара оставка од неговиот министер за здравство Венко Филипче.

Имено, Министерството за здравство потврди дека во несреќа во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

-Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност, информираа од Министерството.

Оставката од министерот Филипче требаше да се случи веднаш, но Филипче не го направи тоа, за после два дена од трагичната несреќа преку прес-конференција да информира дека оставка доставил до премиерот Зоран Заев.

-Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, информираше на вонредната прес-конференција Филипче, за еден ден подоцна токму Заев да изјави дека ќе ја чекал истрагата, па потоа ќе одлучувал за оставката што ја понуди министерот за здравство, по трагедијата во Тетово во која 14 лица загинаа, а 12 се повредени. Заев тогаш преку соопштение најави дека истрагата ќе заврши до крајот на неделата и дури потоа на прес-конференција ќе ја каже својата одлука и ќе одговара на прашања.

-Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага, рече премиерот Зоран Заев.

Токму од овие причини јавноста се прашува, зошто Заев за литијата во Струга кога бројот на заразени и починати беше многу мал и бараше оставка од тогашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, а во конкретниот случај со тетовската модуларна болница животот го загубија 14 лица истиот не побара веднаш оставка од Венко Филипе, а меѓудругото најави дека ќе ја чекал да заврши истрагата па потоа ќе одлучувал за оставката на министерот за здравство, а фактичкава состојба од терен како што можеше да види целата македонска јавност говори дека станува збор за голема трагедија за која не постои никакво оправдување.

Најнови вести