петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојно пониски нивоата на Сатеска и Црна

Двојно пониски нивоата на Сатеска и Црна

Нивоата на Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се двојно пониски од просекот за јануари.

Според хидролошките мерења на УХМР, намалени се и водостоите на Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Зголемување бележат Вардар кај Велес и Скопје – Зајчев Рид, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек.

Најнови вести