Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери соопштија дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, нема да закаже продолжение на седницата.
Талат Џафери вчера кажа дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.
Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.