вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери и пратениците ќе се подноват со нови мобилни телефони, ова граѓаните ќе ги чини 192.000 евра

Џафери и пратениците ќе се подноват со нови мобилни телефони, ова граѓаните ќе ги чини 192.000 евра

Претседателот на Собранието на Макдонија, Талат Џафери, ќе ги поднови колегите пратеници со нови мобилни телефони, а македонските граѓани за тоа ќе платат 192.000 евра за двегодишната претплата.

Собранието, како што објави порталот ММС, минатиот месец потпишал договор со Македонски телеком за двегодишна претплата, а во договорот е набавка и на 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, веројатно за собраниските службеници. За 120 македонски пратеници, пак, претплатата е 1.492 денари месечно.

Покрај неограничените разговори дома и неограничен интернет, пратениците во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во странските мрежи.

Најнови вести