Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 коментираше за денешните случувања во Собранието.
Тој напомена дека можно е од утре да се знае и тоа како ќе изгледа новото мнозинство.
Џафери додаде и дека не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа ќе биде лична одлука на Реџепи.