Еден од обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села, Сашо Сенков е ослободен од обвинение. Обвинителот се откажа од обвинението за него и тоа како што кажа врз основа на анализа на доказите,посебно од ново откриената снимка од самиот напад и извлекувањето на Села, која беше прикажана на минатото рочиште.
Двајца обвинети добија преквалификација на обвиненијата, делото обид за убиство е заменето со насилство, станува збор за Стојан Павлевски- Кобра и Цане Георгиевски.
Обвинетиот Александар Јаневски- Тошта се онесвести, откако обвинителот истакна дека обвинението за него останува обид за убиство. Пред да се онесвести Тошта кажа дека го заштитувал Села, а му се суди за обид за убиство.
Тошта со Брза помош беше однесен во болница.