недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефектот губење на власт, моќ и тендери: СДСМ го плаши народот, ако не е Заев премиер пропадна државата

Ефектот губење на власт, моќ и тендери: СДСМ го плаши народот, ако не е Заев премиер пропадна државата

Во пост изборниот период, од центрите на власт во заминување, на македонската јавност и се сервираат информации, пароли кои добиваат димензија на заплашување на народот, дека ако Заев нема да биде премиер Македонија ќе пропадне.

Ваквите пост изворни заплашувања со заминувањето на Заев од премиерската функција, кој оставка ја најави уште во изборниот период, започнаа за време на вториот изборен круг од локалните избори, на кого во првиот круг му се случи историски дебакл.
По поразот од првиот круг, во неговото прво појавување во јавноста, Заев истакна дека во втор круг одат во четириесет општини меѓу кои и Скопје, кое ја влечи државата напред.

„Јас и владата предводена од мене не може да продолжи ако градот Скопје и општините урбани и рурални уназадување. По сите основи, по основите на интеграциите, по основа на едно општество за сите, по основа на модерната изградба на Скопје или преку кичерајот. Не одат тие едно со друго. Затоа 31 октомври се однесува на се, комплетно, целосно”, рече тогаш Заев.

Запрашан дали ова значи дека ако СДСМ не го добие Скопје, владата не може повеќе да работи, Заев рече дека нема напредок на власта ако Скопје продолжи назад, мислејќи ако Данела Арсовска стане градоначалник, додавајќи дека неговата влада може да оди напред само ако и Скопје влечел напред. Заев одеше до таму што за да ги мобилизира неговите функционери, поддржувачи, активисти, па и меѓународната заедница, да му се заканува и заплашува дека ако падне Скопје ќе падне и владата.
Но, македонскиот народ и граѓаните покажаа дека веќе не му се плашат на неговите закани и заплашувања и таа на 31 октомври му испорачаат црвен картон, а Зоран Заев мора да си поднесе оставка.

Сега, како давеник кој се фаќа за сламка, СДСМ и луѓето околу нив пропагираат и заплашуваат дека ако Заев си поднесе оставка, која ја најави и сеуште ја нема поднесено, државата ќе пропадне.

Ова не е ништо друго освен ефекти од губење на власта, моќта и тендерите, бенефиции кои луѓето околу Заев максимално ги користеа, а сега, откако ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски обезбеди ново парламентарно мнозинство, секако ќе ги изгубат.

Во однос на заканите, уцените и заплашувањата кои ги користат од Социјалдемократскиот сојуз реагираа и од партијата на Мицкоски, од каде што велат дека СДСМ се борат само гола власт.

“СДСМ се бори за гола власт, во спротивно Заев ќе ја поднесеше оставката која сам ја најавуваше. СДСМ во заложништво ја држи државата која се справува со силна енергетска и економска криза. Нема да дозволиме губитникот Заев да ја повлече и државата со себе. Потребна е одговорност за погрешните политики и силни реформи и промени”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести