петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК: Кривичната пријава против Сореца е кампања против делегацијата на ЕУ во Албанија

ЕК: Кривичната пријава против Сореца е кампања против делегацијата на ЕУ во Албанија

Европската комисија реагираше во врска со кривичната пријава што против амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, вчера ја поднесе Алијансата за одбрана на Националниот театар до Специјалното јавно обвинителство (СПАК), јави дописничката на МИА оде Тирана.

Како што пренесува Топ чанел, портпаролот на ЕК, Петер Стано, во изјава од Брисел, обвинувањата против амбасадорот Сореца ги смета за неосновани, додавајќи при тоа дека е „кампања насочена против делегацијата на ЕУ во Албанија“.

– Се чини дека има кампања насочена против делегацијата на ЕУ во Албанија и морам да кажам дека обвинувањата се неосновани и се дезинформации. Лидерите на ЕУ имаат доверба во амбасадорот Сореца и работата што ја работи во Албанија. Сореца прави добра работа во интерес на ЕУ, но исто така и во интерес на Албанците, добра работа исто така во интерес на односите Албанија-ЕУ, оценува портпаролот.

Тој додаде дека ќе продолжат со силната поддршка за правосудните реформи во ова земја.

– Ние продолжуваме силно да ги поддржуваме правосудните реформи во Албанија. Ги повикуваме државните и недржавните чинители во Албанија да продолжат со спроведувањето на реформата и проверката (ветингот) во судството, кои ги даваат првите опипливи резултати и не можат да се забават, изјави Стано.

Алијансата за одбрана на Националниот театар поднесе кривични пријави против Сореца и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Алијансата го обвинува Сореца за незаконско влијание врз Уставниот суд, во корист на Велиај во врска со случајот „Театар“.

Исто така побара од шефот на државата Илир Мета и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, евроамбасадорот да го прогласат за непожелна личност.

Најнови вести