сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Економијата е пред колапс, а единствено што прави власта е масовен грабеж на парите на граѓаните“

„Економијата е пред колапс, а единствено што прави власта е масовен грабеж на парите на граѓаните“

Македонија тоне во сиромаштија. Народот е гладен и едвај преживува. Сите земји во регионот не поминаа. Економијата е пред колапс, а единствено што прави власта е масовен грабеж на парите на граѓаните и расфрлање милиони на лубриканти, на луксузни лимузини и делење на сомнителни тендери на свои партиски војници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, повторно ги манипулираат граѓаните. Имено Заев заедно со Царовска пред неполн месец на прес-конференција  најави зголемување на социјална парична помош и тоа за повеќе од 300%.

Согласно со најавените покачување корисниците на социјална парична помош ќе ги добиваат овие средства:

Сегашна состојба

Според кажувањата на Мила Царовска и Зоран Заев

  • Семејство за 2 члена- 3.933,00 денари

(зголемување  300%)=11.799,00

  • Семејство со 3 члена-6.057,00 денари

(зголемување 300%)=14.985,00 денари

  • Семејство со 4 члена= 6.057,00денари

(зголемување 300%)= 18.171.00денари

Имено Заев и Царовска со таканаречените реформи сакаат да ги доведат во заблуда најранливата категорија граѓани говорејќи за покачување од 300%, а всушност се работи за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Заев на денешната изјава по повод Светскиот ден на сиромаштијата заборави да нагласи дека од 2019 е најавено укинување на родителскиот додаток за трето дете. Родителскиот додаток за трето дете во Република Македонија изнесува 8.362 денари, а го користат околу 29.000 корисници“.

Најнови вести