недела, 7. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Експертите едногласни: Диригентот Заев три години го „траскал“ судството и обвинителството, одговорност мора да има!

На оваа тема денеска универзитетскиот професор Александар Даштевски за КУРИР вели дека оваа бомба сериозно го поткопува владеењето на правото и правна држава и до максимум ја загрозува правната сигурност на граѓаните
Експертите едногласни: Диригентот Заев три години го „траскал“ судството и обвинителството, одговорност мора да има!

Јавноста веќе трет ден е во неверица од неверојатната спрега помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, како и поранешната специјална јавна обвинителка, сега веќе притворена Катица Јанева.

Имено, откако во неделата пратеникот Антонио Милошоски со јавноста ја сподели аудио бомбата во која јасно се слуша како лицето Зоран Заев признава дека се договарал со претседателот на Врховен суд Јово за да паднат предмети кои ги води Катица Јанева, јавноста буквално се згрози.

Еден од начините тоа да се случи бил преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа Заев вели трас-трас готово одлуката на Врховен суд ќе биде донесена.

На оваа тема денеска универзитетскиот професор Александар Даштевски за КУРИР вели дека оваа бомба сериозно го поткопува владеењето на правото и правна држава и до максимум ја загрозува правната сигурност на граѓаните

-Оваа бомба не е ниту петарда, ниту балон од сапуница, како што беше тоа со случајот со Мартин Нешковски чиј убиец беше експресно осуден на највисока затворска казна, а по доаѓањето на власт на популарниот „Бошко Буха“ тој е пуштен од затворот, а потоа избегал во странство. Оваа бомба, потврдува една спрега помеѓу извршната, судската и законодавна власт и се заканува да го сруши системот. Сериозно го поткопува владеењето на правото и правна држава и до максимум ја загрозува правната сигурност на граѓаните, вели Даштевски за КУРИР.

Тој додава дека ова покажува кој е глава на октоподот и кој го уништи судството во целост. Дали е тоа направено со закани, уцени и прислушкувани материјали, треба да се испита.

-Во секој случај ако и сега Јавното обвинителство не реагира на разговорот во бомбата, значи дека правосудната власт не функционира и е под целосна контрола на извршната власт. Аналогно на тоа, на ваков начин не може да функционира ни државата, заклучува Даштевски.

На оваа тема за КУРИР универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска посочи дека со оваа бомба само се потврди дека Заев е диригентот во работата на судството и на јавното обвинителство.

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски е само обелоденување на јавната тајна што на сите ни е позната дека Заев е диригентот во работата на судството и на јавното обвинителство, вели проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за Курир.

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

„Од позиција на „главен реформатор“ во судството, позиција што беше критикувана од страна на ЕУ и Прибе, Заев си обезбеди непречено влијание, местење на предмети, но и лична амнестија за своите незаконски дејанија.

Да не заборавиме дека токму Катица Јанева му го затвори предметот „Пуч“, да не заборавиме дека токму СЈО го амнестираше од случајот „Поткуп“, а со најновиот неуставен и спротивен на сите европски стандарди, закон за јавното обвинителство, 80-те пратеници му изгласаа чисти амнестии за се што тој има направено од позиција на премиер. Според сознанијата што ги слушаме од медиумите за Заев и за неговите пајташи има подоста прислушувани материјали со инкриминирана позадина кои согласно новиот закон за јавното обвинителство нема да можат да се користат ниту како индиции, ниту како докази во обвинителската и во судската постапка“, посочува Каракамишева-Јовановска за Курир.

Практично, посочува таа, Заев си обезбеди неказнивост за своите незаконски постапувања што секако дека ја урива во темел правната држава и го ништи владеењето на правото, а во Македонија се покажа дека правото владее само кога треба да се гонат луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тогаш јавното обвинителство веднаш постапува, отвора истраги, поднесува обвиненија, а судовите експресно судат и пресудуваат. Свежи ни се сеќавањата на „монструозните“ судења за тероризам на видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, судења кои треја и по 12 часа без престанок, судења на кои не беа почитувани основните човекови права, свежи ни се сеќавањата на личните и семејните трагедии што ги доживуваа лицата кои беа осудени за наводен тероризам, никогаш судски не докажан во смисла на меѓународно дефинирање на тероризмот. Но, овие брзи пресуди и драконски казни по 18г. затвор немаа за цел да ја донесат правдата во земјата, туку имаа за цел да внесат страв меѓу луѓето, страв како предупредување дека ако уште еднаш се обидат да протестираат против Заев истото ќе ги снајде и нив. Ваквиот монструозен политички притисок, ваквата невидена судска репресија само и единствено врз членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ имаше и се уште има за цел уништување на партијата и ставање на колена на нејзиното патриотско крило со цел ништење на желбата за одбрана на Македонија и националните вредности.

Идната власт ќе мора да ги исправи овие неправди, ќе мора да го поништи законот за јавното обвинителство како неуставен и неевропски, како целосно нереформски, ќе мора да изврши суштински, а не козметички реформи во судството и во целиот правосуден систем, ќе мора да се ослободи од партиските притисоци и влијанија врз судиите и обвинителите, ќе мора да ги стави во судска постапка сите сторени криминали на „диригентот“ и ќе мора да се ослободиме од криминалците во политиката еднаш засекогаш,“ вели проф д-р Тања Каракамишева-Јовановска во изјавата за Курир .

Поранешниот претседател на Антикорупциската комисија и поранешен главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија, Мирјана Димовска, во врска со аудио бомба со која се открива спрегата помеѓу Врховниот суд, Катица Јанева како и Зоран Заев за КУРИР вели дека одговорност мора да има, таа прашува и дали лицето Љубомир Јовевски работи нешто во оваа земја?

-После ова барем изненадување не треба да има за тие што ги гледаат односите во нашата земја и однесувањето на З.З. Какви уставни принципи за рамноправност на власт, какво владеење на право, каква Европа конечно со која цело време се фали и трча низ сите можни што нешто значат во Европа, затоа што ова е врв на кршење на Уставот на сите можни правни принципи. Сите овие што подлегнале на таквото негово сценарио и валкано однесување во континуитет, нека ги искинат своите дипломи, но во целава оваа ситуација јас имам едно сериозно прашање, не по прв пат лицето Љубомир Јовевски што работи во оваа земја? Се чувствува ли повикан? Се чувствува ли повикан за очигледно признание за кршење на сите можни уставни и законски принципи, вели Димовска.

Таа додава дека одговорност мора да има затоа што ако го отворите кривичниот законик не треба да сте некој дипломиран правник за да видите дека дефиницијата на едно туце што би се рекло кривични дела во кривичниот законик стојат и сите се прават дека не ги гледаат, меѓутоа вие и јас не сме тие што треба да отвориме постапка, туку тој што го споменав претходно.

-Како тоа обвинителката на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ги води судските процеси, ама во насока во која сакаме одредена одлука да постигнеме и друго не нѐ интересира. Затворање очи пред ноторни факти, ова е невидено и дефинитивно мора да му се наложи од јавноста, јас како граѓанин го велам ова да му се наложи на јавниот обвинител да си ја работи работата за која е избран, за која дал заклетва и за која прима плата, заклучува Димовска.

Инаку во аудио бомбата вели дека Јанева цело време знаела дека така треба да биде и така се однесува во својата работа, на истата можете да се потсетите во продолжение.

Интегрален текст од аудио записот-

ЗЗ.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З.; Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал

З.З.; Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

Најнови вести