За 66 сантиметри е понизок водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце од просечниот за овој период од годината и е на 16 сантиметри под минимумот, а на останатите три мерни места реката е во рамките на просекот или благо намален, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Четири сантиметри под минимумот е и нивото на Треска на мерното место кај Македонски Брод.
Намалување на водостојот за еден сантиметар во однос на вчера има и Дојранското Езеро, а кај другите две природни езера тој е ист со вчерашниот.
Сепак, нивото на Дојранското Езеро е за 2,77 метри повисоко од просекот за октомври, а кај Охридското и Преспанското Езеро водостојот е понизок од просечниот и тоа за 1,35 метри кај Преспанското, односно за 14 сантиметри кај Охридското Езеро.