четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еленовски: Не сум изненаден од ветото на Бугарија, туку од поведението односот и деградирањето на националните интереси од Заев и владата

Еленовски: Не сум изненаден од ветото на Бугарија, туку од поведението односот и деградирањето на националните интереси од Заев и владата

Во вечерашниот дневник на Сител телевизија во „тема на денот“ гостуваше поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски кој што кажа дека ветото од Бугарската страна не го изненадува но изненаден е од односот и поведението на нашите претставници и премиерот Зоран Заев во однос на деградирање на националните интереси.

– Би сакал да потсетам дека ова не е прво вето од Бугарија ние што го добиваме, значи ние го добивме ветото 2012 од Влада на Борисов исто така првата негова влада меѓутоа тогаш беше на некој начин поддршка на Грчкото вето ако се сеќавате 2012 не блокира Бугарја, во тој момент јас бев амбасадор во Белгија имав одлични релации со мојот бугарски колега и едноставно тоа беше големиот шок, не можевме да веруваме, разочарувањето беше преголемо. А денеска од Бугарска страна не ме изненадува барем мене не знам за останатите, истакна Еленовски

Поранешниот министер за одбрана Еленовски истакна дека е изненаден од односот и поведението на нашите претставници и премиерот Зоран Заев во однос на деградирање на националните интереси во преговорите со Бугарија.

– Тоа што не изненадува и тоа што на некој нечин не вознемири ако може така да се каже е нашата страна нашите легитимни претставници во тие преговори со Бугарија. Грешката се лоцира на еден начин во поведението за кое што власта односно конкретно премиерот Заев сметаат дека овој предмет на еден начин може да се разреши, на тој начин на кој што го сфатија посебно мислам дека посебно скандалозното интервју за жал на премиерот за БГНЕС најблаго ќе кажам дека беше навистина срамно и недостоинствено за премиер на држава кој што лицитираше со нашите национални вредности, нагласи Еленовски
Во однос на менувањето на ставовите на премиерот Зоран Заев пред и по интервјуто за БГНЕС, Еленовски рече дека тоа е чисто од политички причини и огромен притисок од јавноста.

– Ретерирањето мислам дека може да се согласиме беше чисто од политички причини бидејќи огромна беше реакцијата на јавноста што мораше да се ретерира, меѓутоа и самото ретерирање е симптом едноставно дека недоволно искрено се влегува во целата работа, не може дијаметрално спротивни ставови да искажувате во однос на три дена, вие сепак сте премиер, работите за оваа држава, се очекува од вас поголема сериозност и стабилност пред се и искреност, заклучи Еленовски

Најнови вести