сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Енергетскиот систем се распаѓа како здравството – Народот ќе ја плаќа цената со увоз, а поединци ќе се богатат

Енергетскиот систем се распаѓа како здравството – Народот ќе ја плаќа цената со увоз, а поединци ќе се богатат

Владата на Република Македонија одлучи хидроцентралите да ги исклучат турбините со цел да остане вода реките и езерата а недостатокот на електрична енергија ќе се надомести со купување од странство, при што од ваквата одлука може да се заклучи дека енергетскиот систем во државата е пред распаѓање, народот ќе ја плаќа цената со увозот, а поединци ќе се богатат на сметка на народот.

Производството на струја во земјата е намалено, а ситуацијата дополнително ја отежнува фактот што термоелектраните кои произведуваат 70 отсто од струјата во Македонија не се во целосен погон.

РЕК Осломеј е исклучен бидејќи нема доволно вода во системот Студенчица, а РЕК Битола исто така не работи со полн капацитет бидејќи на Блок 3 се изведува капитален ремонт како и хаваријата од август кога имаше поплава. Не работеше ниту ХЕЦ Маврово каде се поправаат цевките на кои се губат 300 лити вода во секунда.

Надлежните не откриваатвколку точно струја ќе биде набавена прецизно не е утврдено, велат дека ќе се купува според потребите и од недела во недела.

Дека пред колапс е и енергетскиот систем во Македонија говори и намаленото ниво на водата во реките и езерата ширум државата, кои што треба да бидат извор на енергија, но поради наегрижата на надлежните некои веќе речи си и да пресушиле.

Инаку уште во март годинава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија Заев ги остави граѓаните без капка вода.

-Малото количество на вода во езерото Калиманци кое моментално има над 30 милиони метри кубни, е недоволно за земјоделските посеви во околината. За задоволување на потребите на земјоделското производство од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Спореф овој податок фалат 7омилиони метри кубни вода кои власта ги потроши. Поради бизнис интересите на Заев вода нема да имаат ниту оризарите во кочанско. Вода нема да има ни за Овчеполието, ни во Тиквешко, Повардарие, Пелагонија, Струмичко, обвинија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ситуацијата е алармантна може да види ако се спореди водостојот на овие езерата во последниве неколку месеци од состојбата пред неколку години, што претставува и вистински проблем околу производството на електрична енергија.

Најнови вести