четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Епидемијата на морбили не стивнува, се затвораат одделенија по болници, а Филипче на продолжен викенд

Епидемијата на морбили не стивнува, се затвораат одделенија по болници, а Филипче на продолжен викенд

Пред неколку дена медиумите обелоденија дека во хируршкото одделение во општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработените, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место.

По обелоденувањето по медиуми и реакциите на граѓаните реши во својство на портпарол на Филипче, Асим Муса да излезе со информација дека одделението е затворено поради заболување на 50 отсто од медицинскиот персонал од морбили.

Истовремено бидејќи Филипче не можеше скандалот да го обелодени пред јавноста, Муса соопшти дека Општата болница во Струга, односно вработениот персонал околу 70 отсто се вакцинирани дека оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина.

Ова се случи во Струга, за во другите градови јавноста се уште нема информации. Но поради оваа епидемија на морбили се случува да клиниките на терциерно здравство се на работ на издишување од оптеретеност.

Ова најдобро го објасни Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој пред неколку дена како гостин на една од дебатните емисии на една од националните телевизии рече: „Ако исто во Струга уште една болница се затвори затоа што сметајте дека тие пациенти од Струга треба да отидат некаде. Се прави транспорт на пациенти тие пациенти доаѓаат кај нас во терциерно здравство. Значи клиниките на терциерно здравство се на работ на издишување од оптеретеност“.

-Доколку падне Струга, доколку падне Струмица и доколку падне уште една болница во централна Македонија да персоналот од 50% е заразен со морбили ќе се мобилизира здравствениот систем. И за ова треба некој да одговара, и тој некој не треба да биде само на директорско ниво, тој некој треба да биде посериозен и сега мислам дека е периодот кога треба да се преземе одговорност, дообјасни Николов.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 25.808.

Додека министерството истакнува дека вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет, епидемијата не стивнува.

Епидемијата се рашири поради вина на самата неефикасност на министерството. Министерот секогаш кога има проблем оди на продолжен викенд или одмор.

За сето ова одговорност бара јавноста и одговор, кој имаат право да го добијат. На сите прашања треба да одговори министерот Филипче, наместо да се сокрива бидејќи здравствениот систем во државата е на паднато на најниско ниво што постои. Граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на Филипче.

 

Најнови вести