недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Есента ги посадија, сега со багери ги корнат- дрвата во Аеродром му го нарушуваат погледот на Заев додека седи во луксузниот хотел (ФОТО)

Есента ги посадија, сега со багери ги корнат- дрвата во Аеродром му го нарушуваат погледот на Заев додека седи во луксузниот хотел (ФОТО)

Утрово во Аеродром во дрворедот покрај хотелите Русија и Хилтон се корнат дрва.

Според фотографиите и видеото јасно се гледа како се корнат дрвата кои есента беа посадени на ова место.

Граѓаните се прашуваат дали овие дрва му сметаат на Заев додека седи во хотелот Хилтон? Тие прашуваат и зошто активистите за заштита на природата и парковите сега никаде ги нема кога се корнат веќе посадени дрва?

Дали сепак пред вториот круг од изборите градоначалникот на Аеродром Златко Марин се обидува да им покаже на граѓаните дека се „работи нешто“ засега е нејасно.

 

Најнови вести