четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Есклузивни СНИМКИ од невремето во Скопје: Откорнати кровови, реки низ улиците…

Есклузивни СНИМКИ од невремето во Скопје: Откорнати кровови, реки низ улиците…

Според информациите од ЦУК, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрва, бандери со струјни и телефонски кабли.

Краткотрајно, но силно невреме попладнево зафати делови од Скопје. Граѓаните пријавуваат паднати дрва, поплавени улици, оштетени возила, како и откорнати кровни конструкции.

Според информациите од ЦУК, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли.

Дел од дојавите за паднати кровови и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир.

Невремето беше проследено со силен ветер, пороен дожд, а во делови од Скопје и врнежи од град.

Како што соопшти УХМР, во североисточните делови од земјава попладнево времето беше нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, а доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина.

Најнови вести