четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еве колку македонски граѓани се вакцинирани во изминатите 24 часа

Еве колку македонски граѓани се вакцинирани во изминатите 24 часа

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Најнови вести