Дирекцијата за заштита и спасување информира дека е координатор за помошта за Украина преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.
Компанијата ЕВН Македонија АД Скопје, подготви помош за Украина, која се состои од трансформатори, а донацијата е во вредност од 24.850,00 евра.
Транспортот и доставата на помошта се спроведуваат преку Европскиот Механизам за цивилна заштита -УЦПМ, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, која ги координира сите активности во таа насока.
На денешниот настан на испраќање на помошта, која е прва од овој вид пратена од С. Македонија во Украина преку УЦПМ, присуствуваа претставници од менаџментот на ЕВН Македонија, претставник од Делегацијата на ЕУ како и од ДЗС.
-Посебна благодарност упатуваме кон Центарот за координација на помош при катастрофи на ЕУ за континуираната поддршката при организација и реализација на оваа активност, како и до колегите од МВР и Управата за царина, за несебичната помош и олеснување на процедурите кои се во нивна надлежност, информираат од ДЗС.