сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евра летаа на сите страни, а пејачката ги ставаше во деколтето- Биг Мама пееше на свадба во Тетово, инспекторите го пломбираа ресторанот

Евра летаа на сите страни, а пејачката ги ставаше во деколтето- Биг Мама пееше на свадба во Тетово, инспекторите го пломбираа ресторанот

Државниот пазарен инспекторат го пломбирал ресторанот „Елита” во Тетово каде ноќеска имало свадба на која гостите ги забавувала пејачката Биг Мама.

Информацијата за ,,Слободен печат” ја потврди директорот Стојко Пауновски, кој рече дека инспекторите до доцна во ноќта постапувале на терен во ресторанот кој се наоѓа во близина на тетовската пожарна.

За настанот тие составиле и записник зашто организаторот спротивно на протоколот издаден од Комисијата за заразни болести организирал собир за што ќе биде поднесена и пријава.

Согласно протоколот за работа на угостителските објекти, забрането е да се организираат свечености, како свадби, крштевки, родендени во угостителските објекти.

Инаку на дел од видеата поставени на социјалните мрежи се гледаат како буквално летаат пари на сите страни за време на свадбата, а дел од нив пејачката и ги ставаше во деколтето.

Најнови вести