Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше вечерва во 20:10 часот на Top Channel.
Имено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.
За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.