среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Барам разбирање и поддршка

Филипче: Барам разбирање и поддршка

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев истакна дека е свесен дека има различни ставови, мислења и пристапи кон вакцинацијата.

-Можам да разберам и дека одредени мерки наидуваат на негодување или дека постојат и други решенија, но она што со сигурност го тврдам е дека секоја мерка и одлука која ја носиме е насочена кон две цели, што побрза имунизација и што побрзо пресекување на патот на ширење на вирусот. Оттаму барам разбирање и поддршка бидејќи мерките го даваат овој резултат, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека имаат постојан пораст на вакцинација, што според, како што рече, сите странски и домашни експерти е единствениот исправен пат за надминување на кризата.

Министерот нагласи дека во кампањата која ја започнува владата ќе побараат да се вклучат доктори, медицинска лица, јавни личности…

Најнови вести