„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно институциите – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин“- напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.
Освен што доби бројни коментари дека тој донесе мерки со кои се отворија локалите, Филипче доби и директен одговор кој ги прави овие забави.
Еве кој организира журки pic.twitter.com/n6rUqnbug0
— Финодете and 14 others (@finodete_666) July 19, 2020
Кога ќе се погледнат фотографиите ќе се види дека во дискотеката во Струмица забави организираат лица кои ја промовираа и поддржуваа предизборната кампања на СДСМ.
На социјалните мрежи објавуваат настани на функционери од партијата на Заев, но и најава за журките во Струмица.
Овие лица изгледа се чувствуваат заштитено од нивниот екс-градоначалник и екс-премиер Зоран Заев па во ек на светска пандемија тие прават забави кои, секако, можат да бидат многу ризични.
На министерот граѓаните на социјалните мрежи му покажаа кој ги опрганизира забавите. Наместо со статуси на социјалните мрежи, Филипче треба да се зафати за сериозна работа бидејќи коронавирусот покосува низ Македонија.
По петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица утре ќе биде поднесена кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19.
Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.
-Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи. Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски. Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на исти начин како и сите други угостителски објекти во градот. Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи. Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема, изјавија од „Аватар“.
Инаку, освен во Струмица инспекторите чешлале и други објекти во неколку други градови во државата.