Заврши увидот на Институтот за судска медицина на мајката и синот кои беа најдени починати во нивниот дом во Велес.
Според сите анализи состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации кои ги добија докторите од Институтот констатирано е дека смртта настапила три до пет недели од моментот на пронаоѓање, што е во текот на март, а не во јануари како што иницијално беше споменато, истакна на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека согласно тоа нема интерес да се прават дополнителни истражување, но, продолжува работата во однос на причината за нивната смрт.