четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Нема барања за годишен одмор од здравствените работници

Филипче: Нема барања за годишен одмор од здравствените работници

Точно е дека препораката е да не се користат годишни одмори, но навистина здравствени работници се свесни и совесни во својата работа и практично барање за годишен одмор или за одмор, колку што сум информиран, и да нема, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Тоа значи дека сите се целосно посветени на пациентите, сите се свесни и херојски ја извршуваат својата задача. Таму каде недостасува кадар се надополнува од други здравствени институции, посочи Филипче.

Од Лекарската комора вчера ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на Ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

– Паралелно растат и бројките на пациенти кои поради сериозноста на здравствената состојба и компликациите предизвикани од Ковид-19 имаат потреба од болничко лекување. Капацитетите на болниците речиси се исполнети, секојдневно бараме дополнителен кревет за згрижување на тешко болните. Голем проблем за одржливоста на здравствениот систем претставува и намалувањето на бројот на активни здравствени работници, бидејќи и меѓу нив расте бројот на заразени и на оние кои се во самоизолација, а дополнително е и тоа што се соочуваме и со премореност, бидејќи епидемијата трае многу долго. Голем дел од кадарот кој работи во ковид – центрите одамна не работи по систем на ротации, а многу здравствени работници немаат користено годишен одмор. Во услови на намален број на здравствени работници и непостоење на начин за кратко време тој да се зголеми станува јасно дека помал број на лекари, медицински сестри и болничари треба да се грижат за значително поголемиот број пациенти што неминовно влијае на квалитетот на здравствената нега која се добива, истакнуваат од Лекарската комора.

Најнови вести