среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Филипче со својата „кампања“ за вакцинација ги предомислува граѓаните за вакцини, на Македонија е потребна кампања како што Малта има

Филипче со својата „кампања“ за вакцинација ги предомислува граѓаните за вакцини, на Македонија е потребна кампања како што Малта има

Деновиве министерот за здравство, Венко Филипче се обиде да реализира кампања со цел граѓаните повеќе да се вакцинираат со вакцина против КОВИД-19, но некако не му оди од рака. Имено, целата кампања која што ја тера министерот за здравство Венко Филипче е нејасна за граѓаните, со што граѓаните не се осмелуваат да се вакцинираат. Кампањата за вакцинација против КОВИД-19 не содржи информации кои што им се потребни на граѓаните за да го направат тој чекор да се вакцинираат и заштитат од смртоносниот вирус.

Многу земји кои имаат кампањи за вакцинација против КОВИД-19 се детални, со информации за секоја вакцина како реагира кај граѓаните на одредена годишна возраст и кои се реакциите од самата вакцина. Пример за таква кампања е на Малта.

Според кампањата на Малта може да се увиди дека вакцината „Фајзер“ е за граѓани над 16 годишна возраст, и има ефикасност околу 90%. За да се заштитиш од КОВИД-19, треба да граѓанинот да прими две дози од „Фајзер“, а по примање на првата доза, втората треба да се прими за 3 недели. Оваа вакцина не е преорачлива за бремени жени. Најчести реакции на организмот по примање на вакцината се болки во мускулите, главоболка, треска, и времетраење на овие симптоми се од 24-48 часа.

Вакцината „Модерна“ според кампањата на Малта може да ја примат граѓани со на 18 годишна возраст. За да се заштити граѓанинот од КОВИД-19, треба да прими две дози на вакцина од „Модерна“. Исто така и оваа вакцина не е препорачлива за бремени жени. Симптомите по примање на оваа вакцина се исти како кај вакцината на „Фајзер“ и времетраење на симптомите е исто така 24-48 часа.

Според Малта, вакцината „АстраЗенека“може да ја примат граѓани од 18 години до 70 годишна возраст. Оваа вакцина се прима во две дози, и по примање на првата доза, втората се зема во временски период од 8 до 12 недели. Симптомите и времетраење на симптоми е исто како кај вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

И вакцината „Џонсон Џонсон“ е за граѓани со навршени 18 години, и оваа се зема само во една доза. А, симптомите се како и кај претходните вакцини, со што симптомите траат од 24 до 48 часа.

Токму ваква кампања е потребна и на граѓаните во Македонија, можеби министерот Венко Филипче би требало да се посвети на кампања за вакцинација според стандардите на УНИЦЕФ. Бидејќи ако не спроведе таква кампања граѓаните со право не сакаат да се вакцинираат кога имаат недостаток на информации за вакцините кои што би требало да ги заштитат од КОВИД-19.

-Доколку имаше било каков систем за справување со кризата, доколку не бевме подбив на регионот и светот особено со моментот со вакцините, јас сум убеден дека бројката немаше да биде 50 починати и дека бројот на заболени немаше да бидат толку многу, туку ќе беа многу помалку. Меѓутоа ова несмасност од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски при протестот пред министерство за здравство одржано на 03.04.2021.

Најнови вести