четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Фокус“ ја откри бизнис империјата на Заеви

„Фокус“ ја откри бизнис империјата на Заеви

Официјалните податоци што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека членови на семејството на премиерот Зоран Заев и лицата што може да се сретнат како нивни партнери, заеднички или самостојно поседуваат триесетина компании, формирани од 1994 година до денес, кои главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија…

Како што пишува „Фокус“, негови блиски роднини, како и нивните формални деловни партнери, се сопственици, косопственици и акционери во над 20 компании со седиште во Струмица, главно формирани во 2009 година, како и во годините потоа се до денес, кои претежно се занимаваат со градежништво, транспорт, трговија… Па, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски неодамна изјави дека братот на премиерот, Вице Заев, станува главен бизнис фактор играч во државава, тој заработи тужба за клевета, така што на судското рочиште стана предмет на расправа колку компании поседува братот на премиерот, а во колку има малцински удел. Врз основа на податоците што ги обезбеди од надлежните институции, „Фокус“ се обиде да го скицира целосното бизнис-портфолио на членовите на семејството Заеви и нивните соработници….

ЗАОБИКОЛЕН ПАТ ДО ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека Вице Заев е стопроцентен сопственик и управител на градежната компанија „Тотал Инженеринг“, формирана кон крајот на 2009 година. Оваа компанија во 2015 година склучила договор со владата за геолошки истражувања на глина во село Дукатино, Општина Василево, а во април минатата 2018 година добила концесија за експлоатација на минералната суровина. Според регистарот на концесионери на Министерството за економија, во истиот период компанијата добила концесија за експлоатација на глина и на локалитетот Раковец, лоциран во Општина Чашка, меѓутоа од СДСМ и од владата посочија дека концесиите се доделени согласно пропишаната процедура и со позитивно мислење од сите надлежни институции.

Инаку, опозицијата периодов ја споменуваше оваа компанија во сопственост на братот на Заев во контекст на повеќе, како што велат од таму, сомнителни зделки. Така, партискиот лидер Христијан Мицкоски неодамна обвини дека камиони во сопственост на „Тотал Инженеринг“ работат во рудниците за ископ на јаглен во РЕК Битола, ама под капа на друга компанија – „СВ Инвест“, која, според Мицкоски, е ангажирана како подизведувач од АД ЕЛЕМ. Сепак, повиканите компании, владата и ЕЛЕМ ги отфрлија овие обвинувања на опозицискиот лидер, истакнувајќи дека „Тотал Инженеринг“ два месеци претходно ја продал севкупната механизација со цел да се избегне можен судир на интереси во иднина, додека „СВ Инвест“, потенцираа тие, никогаш не била ангажирана како подизведувач во РЕК Битола. Арно ама, остана нејасно дали „Тотал Инженеринг“ ги продал компаниите на „СВ Инвест“ и каде се направени фотографиите што ги обелодени Мицкоски….

ПОВРЗАНОСТ СО КОМПАНИИТЕ ШТО ИНВЕСТИРАА ВО ГЛОБАЛ

Згора на тоа, Вице Заев и Кречев се партнери и во уште две градежни компании формирани во 2009 година. Една од нив е „Дравас Инженеринг“, каде покрај нив уште содружник е Цена Хаџијска, која, патем речено, е сопственик и управител на неколку фирми: „Конта План“, „Зоки Петрол“… Другата компанија, пак, е „Сара Јавор Инженеринг“, чиј трет партнер е Драги Цикарски, кој своевремено бил управител на фирмата „Де Лукс Инженеринг“, еден од содружниците на проектот за изградба на трговскиот центар „Глобал“. Како што е познато, за оваа градба тогашниот градоначалник на Струмица и денешен премиер Зоран Заев заврши во притвор во 2008 година, но подоцна беше аболиран од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Фокус ги открива и бизнисите на Заеви со мебел, цигли, храна, пијалоци, тутун како и одгледувањето на канабис за медицински цели…

Целото истражување на ФОКУС погледнетего во нивното печатено издание.

Најнови вести