Речиси целиот регион денеска му се смее на македонскиот премиер Зоран Заев кој во интервју за бугарски медиум изјави дека Бугарија не била фашистички окупатор и дека Бугарите ги ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.
Ова предизвика лавина реакции не само во земјава, туку и соседството.
Српскиот портал „Политика“ ја пренесува изјавата на Заев каде вели дека во текот на втората светска војна Бугарите биле „администратори“ на територијата на денешна Македонија.
-Во Македонија се заменети повеќе од 20 сообраќајни знаци на кои пишувало бугарски фашистички окупатори, вели Заев во интервјуто.
Тој раскажува и дека должност на политичарите е да го зближат народот, бидејќи со децении биле држени настрана.