Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет.
-Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра состојба и утре тој че ја води седницата, информираат од кабинетот на Џафери.
Претходно денеска тој изјави дека се чувствува добро и дека веќе е извесно дека ќе претседава со конститутивната седница утре. Тој денеска ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули, а неколкуте последователни тестови на ковид биле негативни.