понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Еве како се заразува Македонија со непромислени мерки на власта

ФОТО: Еве како се заразува Македонија со непромислени мерки на власта

Граѓаните на Македонија каде има 80 часовен карантин решија да ги напуштат своите домови и да заминат на местата каде рестриктивните мерки се поблаги.

Едни од најбројните денеска попладнево се скопјаните кој се упатуваат низ различни градови во земјава, особено во Охрид, Маврово, Струга, Берово, Пелистер…

Фотографиите кои во текот на ова попладне кружат на социјалните мрежи се само мал доказ дека мерките кои ги носи владата предводена од СДСМ се непромислени и речиси нема да донесат никаква промена во моменталната ситуација.

„СКОПЈЕ СЕ СЕЛИ“: Речиси километарски колони во Ѓорче Петров за излез од главниот град (ФОТО)

Откако вчера експресно Владата потврди дека од денеска во Скопје во 21 часот стартува 80 часовниот карантин кој ќе трае до понеделник до 5 часот наутро речиси граѓаните не се двоумеа многу, веднаш заминаа надвор од него.

Споениот викенд е добредојден за речиси сите граѓани кои имаат викендици надвор од главниот град, особено во местата каде рестриктивните мерки и карантинот не важат во целост.

Фотографиите до кои дојде редакцијата на КУРИР јасно покажуваат дека граѓаните сепак овој продолжен викенд нема да останат дома.

Инаку денеска пазарите и маркетите беа преполни, а во многуте анкети граѓаните потврдија дека на оваа власт буквално „господ да и е на помош, бидејќи не знаела што прави“.

И верниците со големо разочарување ја примија веста за 80 часовниот карантин во земјава, а некои од црквите ги повикаа своите верници да дојдат на големиот верски празник во чест на починатите Задушница.

Најнови вести