Вчера Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Талат Џафери имаа несекојдневно искуство и видоа како функционира комплексниот систем за одржување на безбедноста на НАТО алијансата посетувајќи го еден од најголемите носачи на авиони „Хари Труман“.
По слетувањето на Хари Труман кој е долг 333 метри и има носивост од 100 илјади тони министерката за одбрана Радмила Шекеринска сподели твит каде пишува дека биле во посета на носачот на авиони „Хари Труман“.
Но, она што таа подолу во текстот го пишува проследено со фотографии буквално е катастрофален гаф на министерката.
Имено таа пишува дека „На авионот зад нас од ескадрилата на САД аплицирано и нашето знаме. Членството на НАТО на дело“, пишува таа.
По ова јавноста започна бурно да реагира, а на социјалните мрежи се појавија и статуси во кои и порачуваат на министерката дека знамето зад нив е знамето на Аризона (американска сојузна држава), а не на Македонија.
-Кажете и на госпоѓа Министерка Радмила Шекеринска дека знамето што е аплицирано на авионот што е зад нив е знаме на Аризона (американска сојузна држава), стои во еден од статусите на социјалните мрежи.
Освен на Фејсбук граѓаните нејзиниот гаф го коментираа и на Твитер под нејзиниот твит каде како што велат твитерџиите таа направила спин во јавноста.