По повод големиот христијански празник Велигден, министерот Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје во текот на изминатата ноќ ги посети колегите , распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода. На полициските службеници од православна вероисповед со поздравот : Христос воскресна! Навистина воскресна! министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на останатите колеги ѝм посака мирна работна вечер.
Од страна на полициските службеници министерот Чулев беше информиран дека изминатата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршувања на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето кои се донесени од страна на Владата.
-Им благодарам на сите граѓани за високата свесност за улогата на секој поединец во борбата со невидливиот непријател што во овие важни моменти за сите нас ја покажуваат на дело, рече министерот Чулев.
На овој голем празник Велигден посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи, истакна Чулев при посетата.
Во оваа прилика Министерот Чулев уште еднаш им го честита празникот Велигден на сите граѓани од православна вероисповед, се вели во соопштението од МВР.