Четири грчки воени авиони и два на САД претпладнево ја надлетаа Македонија како гест на добредојде за земјава како полноправна членка на НАТО. Леталата дојдоа од правец на Меѓународниот аеродром во Скопје и се движеа долж Повардарието на височина од 1.500 метри.
„САД испраќаат силна порака за одличната соработка меѓу две земји и оти и по влезот во Алијансата остануваат наш силен сојузник и стратешки партнер“,вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Авионитте на грчкото воено воздухопловство беа ловци од типот „Ф16“, а американските од типот „Б1“ кои вчера полетаа од Јужна Дакота и по 30 часовен лет и танкирање гориво во воздух претпладнево ја надлетаа и Македонија.