Македонски средношколци ја претставуваа Македонија на „FIRST Global Challenge“ кое годинава се одржа во Дубаи од 24 до 27 октомври месецов освојувајќи го 65-тото место на глобално ниво и второ на балканско ниво веднаш зад Босна и Херцеговина, иако натпреварот имал ревијален карактер преку кој се поттикнуваат натпреварувачите да размислуваат на инженерски начин.
Како екипа тие добиле комплет делови од кои требало да го склопат роботот, кој со одредени сетирања и програмирање од нивна страна е способен да изврши серија задачи во игра тематизирана околу прашање од глобално значење. Оваа година фокусот беше ставен на околината и особено на чистењето на океаните.
Ментор на македонскиот тим беше Алма Кецап од Македонија која е апсолвент на Електротехничкиот факултет, која како млад и амбициозен ентузијаст, успеа самостојно да се „избори“ за учество на овој огромен настан како претставник на нашата држава (сите држави од соседството веќе учествувале), со тим од уште еден ментор (Кристијан Гроздановски) и 5 амбициозни средношколци (Ајла Кецап, Ања Кузевска, Емилија Митовска, Кирил Спироски и Никола Јанковиќ).
FIRST Global Challenge инаку се занимава и ги истакнува најголемите предизвици со кои се соочува нашата планета и ги охрабрува следнати генерации да изгради СТЕМ-вештините потребни за нивно решавање.
FIRST Global Challenge е годишен настан за роботика во стилот на Олимпијада на кој оваа година учествуваат 191 земјa oд светот со тимови од средношколци (од 3 – 5, на возраст од 14 до 18 год.) предводени од по два ментори секој тим односно земја учесничка. Наcтанот се одржа трета година, секоја година во различна земја, а оваа година FIRST Global Challenge се одржa во Дубаи од 24-27 Октомври (2017 година во Вашингтон, ДЦ и 2018 година во Мексико Сити).
FIRST Global е јавна добротворна организација со мисија да гo инспирира научното и технолошкото лидерство и идеите за иновации кај младите луѓе од сите нации, да го прошират разбирањето, да ја разберат важноста на соработката, да ги адресираат најитните прашања во светот, со цел да се подобри квалитетот на животот за сите. Организацијата се стреми да ги убеди владите и организациите во светот да го прифатат STEM (Science Тechnology Engineering Mathematics) образованието и да инвестираат во нивната младина.
Повеќе детали за настанот и минатогодишните настани и земји учесници можете да погледнете ТУКА.