Македонските тимови испратени на помош по катастрофалниот земјотрес во Албанија, продолжуваат со напорната работа на терен.
-Тимот за спасување од урнатини на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадниците на МВР со куче трагач и денес продолжува со активностите на терен и работи на расчистување на урнатини и пронаоѓање и извлекување на исчезнати лица, објави ДЗС на Фејсбук.