понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Големо невреме го зафати Скопје

ФОТО+ВИДЕО: Големо невреме го зафати Скопје

Попладнево, главниот град на Република Македонија го зафати силно невреме.

Имено, Скопје во моментов е зафатено од силни врнежи на дожд проследени со силен ветер и грмежи.

Претходно и од УХМР нјавија дека Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.

Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

Денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град. Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени.

И во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Најнови вести