четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Заев не се откажува од „Астон Мартин“

ФОТО: Заев не се откажува од „Астон Мартин“

Премиерот Зоран Заев вечерва на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово, повторно се појави во брендирана гардероба „Астон Мартин“.

Заев пред граѓаните говореше за раст на економијата и подобар животен стандард, во маичка со кратки ракави која чини скоро колку минималната плата во Македонија.

Медиумите досега неколку пати пишуваа за скапите кошули од овој бренд во кои Заев се има појавувано на разни настани, но до него очигледно не допираат таквите гласови, па премиерот не се откажува од „Астон Мартин“.

Инаку, Астон Мартин е познат британски луксузен бренд на спортски автомобили. А гардеробата под ова лого, важи за доста луксузна и скапа.

Најнови вести