Во наплив на „македонштина“, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и ексминистер за земјоделство, доживеа драстична промена и на Твитер ја нарече нашата држава онака како што треба – Македонија? Зборуваме за државата на која неговата партија ѝ го смени името во „Северна“ и чии функционери, на чело со лидерот Зоран Заев, инсистираат на тоа име и по неколку пати во една реченица. Граѓаните се во очекување на воспитна од партијата за својот непослушен син, кој всушност, станува дел од предизборното помакедончување на партијата, чин кој постојано го ремети токму нивниот екс премиер Заев.