Симболично, во герила акција пред елката на плоштадот во центарот на Скопје оставен беше “златниот прибор” на премиерот Зоран Заев.
Ваквата герила акција следи откако со брзина на светлината преку социјалните мрежи се прошири фотографија од бадниковата трпеза на прњмиерот Заев, на која што јасно се гледа златниот прибор со кој што се храни семејството на премиерот.
Реакциите и тогаш беа бројни, а некои од нив гласеа “додека народот трпи за леб, Заеви се хранат со златен прибор”.
Реакциите на народот беа со право, бидејќи во денешно време на ковид и економска криза, ретко кој може во Македонија да се пофали дека се храни со златен прибор.