сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Герила акција на студенти на УКИМ: „Јас не ја разбирам Мила“, а „Цезар не е само салата“!

Герила акција на студенти на УКИМ: „Јас не ја разбирам Мила“, а „Цезар не е само салата“!

„Не ја предаваме историјата“, „Но пасаран“ и „Јас не ја разбирам Мила“ се дел од пораките кои денеска се појавија на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и пред Владатa, јави Радио МОФ.

Станува збор за герила акција на студенти од Институтот по историја при Филозофскиот факултет, со која се спротивставија на понудениот Концепт на Министерството за образование и наука за основно образование.

– Како историчар ми пречи тоа што таканаречениот Концепт што го понуди МОН е донесен без консултација со професорите историчари и без воопшто да се информира струката што утре ќе треба да ги спроведе „реформиве“ во дело во училиштата. Ми пречи и тоа што идејните творци на т.н. Концепт покажуваат непознавање на материјата што сакаат да ја реформираат. Најмногу ми пречи, пак, тоа што „Концептот“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосема поинаков вид. А сето ова се прави во момент кога македонската историја и македонскиот идентитет се нападнати и оспорени однадвор. Како претседател на сите студенти на Филозофскиот факултет, ми пречи што освен предметот историја се засегнати и редица други предмети за кои кадарот произлегува од неколку Институти на Филозофскиот факултет, што според мене значи дека се загрозува иднината на сите сегашни и идни наставници и професори од сферата на хуманистичките и општествените науки“, вели Димитар Коруноски, дипломиран историчар и претседател на Факултетското студентско собрание на Филозофски факултет.

Целиот текст мое да го прочитате на РАДИО МОФ.

Најнови вести