Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители.
– Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката.
Германската амбасадорка по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните.
– Борбата против корупцијата е тешка задача и тука се неопходни волја и време за кои Германија е подготвена да помогне – рече амбасадорката.
Свесно сме целосно за потребата од борба пеотив корупцијата, вели македонскиот премиер.