вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Геро ,,се фрли“ да го брани Заев

Геро ,,се фрли“ да го брани Заев

Новинарот Бранко Геровски, важи за нескриен поддржувач на СДСМ и на Зоран Заев, како и нескриен противник на ВМРО-ДПМНЕ и особено на Никола Груевски. Откако неколку дена по ред опозицијата предупредува дека автопатот Демир Капија- Смоквица е завршен уште пред една година, и дека Заев и СДСМ го одлагаа пуштањето за да креираат перцепција дека во нивно време е граден, и особено откако Груевски излезе со статус на Фејсбук укажувајќи дека надвор од двата автопати во градба, Скопје- Штип и Кичево- Охрид, како и овој што цела година стои завршен, а непуштен да се користи, дека освен овие три автопати, Заев се мисли на владата на Заев нема да изгради ниту еден километар автопат, како да прекипе трпението и нервите на Геровски.

Очигледно овие изјави го погодија врвот на власта и очигледно побараа помош од новинарот кој секогаш спремен да им помогне, Бранко Геровски.

Геровски пак се чини како да ,,ги засука ракавите“  и удри прво едно плукање врз Груевски од неговиот редовен репертоар на оцрнувања кој го повторува цели 10 години, години во кои мнозинството граѓани на секои избори 10 пати по ред, поддршката ја даваа на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.. Овој пат збогатен со споредба со Хитлер.

Потоа Геро почна со одбрана на Заев со една лесно проверлива лага во обид да го извлече Заев, и еден обид за релативизација, сакајќи да му помогне на Заев.

Лажејќи што кажал, а што не кажал Заев, Геро заборавил дека од изјавата во која Заев ветува дека во неговиот мандат ќе се изградат 600 км не пат, туку автопати, има видео снимка. Снимка во која тој повеќе пати го повторува тоа. Иако за Геро и снимката како Заев бара мито за да даде дозвола како градоначалник не е доволна за да покаже повеќе интегритет и да каже дека токму неговиот пулен е обвинет за криминал и фатен со законски прибавена видео снимка како отворено бара мито од 200 илјади евра и раскажува дека со сите во Струмица правел исто.

И најсмешно од се е обидот за релативизирање дека не се Заев и Груевски тие кои ги градат автопатите туку ,,вредните раце на градежните работници“ , небаре работниците сами си се собираат и бесплатно, самоиницијативно, без сите претходни подготовки онака од ќеиф си градат автопати.

Според таа логика штом дојде на власт СДСМ вредните градежни работници престануваат да бидат вредни? Како тоа тие вредни луѓе работат и создаваат кога е ВМРО на власт, а седат, легачат и немаат работат кога е СДСМ на власт? И како тоа кога СДСМ ќе дојде на власт градежништвото паѓа за 46 отсто според државниот завод за статистика, предводен од директор на СДСМ.

Коментарите на социјалните мрежи се дека Геро може колку сака да го вади од кал Заев но барем со доза на поголема интелигенција, вака само губи во очите на читателите, ако воопшто знае што значи тоа, имајќи со оглед дека што и да пишува, колку и да биде читан парите од тој медиум се гарантирани и ќе си дојдат.

Најнови вести