сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Безвредно бомбашко шоу на позерката Фатиме Фетаи

Героски: Безвредно бомбашко шоу на позерката Фатиме Фетаи

„Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како бум. Но, ништо суштинско нема во бомбите“. Ова го изјави правната застапничка на родителите на убиените деца кај Смилковско Езеро, во неразјаснетиот крвав пир на 12 април 2012 година, што вечно ќе се памети. Македонија на семејствата на жртвите им должи одговор на најважното прашање – кој и зошто ги уби нивните најмили. И долгот сѐ уште не е исполнет.

Анализата на порталот ПлусИнфо ја објави новинарот кој го обелодени „Рекет“, Бранко Героски.

-За жал, таа сложена, тешка и одговорна задача ја презеде Специјалното јавно обвинителство, а обвинението во случајот „Монструм“ го застапува некогаш ултрапопуларната Фатиме Фетаи, чија ѕвезда сега бледнее по распадот на СЈО како последица на аферата „Рекет“. На последното рочиште, во судницата беа емитувани 25 „бомби“. Прочитав дека Фетаи со себе донела и 130.000 смс-пораки и транскрипти. А во ниту еден од објавените нелегално прислушувани разговори го нема одговорот на прашањето кој е сторителот на петкратното убиство и која е причината за ова злосторство. Цели четири часа бомбашко шоу, а ниту еден детал што навестува барем доближување до вистината. Да, точно е тоа дека бомбите покажаа како водечките луѓе од власта во периодот после трагедијата и за време на судењата се обидувале да влијаат врз процесот и да ги менаџираат политичките последици. Меѓу другите, во разговорите се слушнаа и гласовите на Никола Груевски, Гордана Јакуловска, Миле Јанакиевски, Блерим Беџети, Муса Џафери, Сашо Мијалков, Љупчо Тодоровски, Митко Чавков, Орце Камчев, Оливера Трајковска, Драган Павловиќ Латас… И што од тоа? Што можевме да научивме од овие разговори? Ама баш ништо што не го знаевме и порано – а тоа е дека режимот на Груевски или немал смелост или не бил способен (можеби и двете нешта се во прашање) да ја истера правдата во овој случај. Не заборавајте, таа фатална маана на тој режим беше клучната причина поради кои пред четири години го урнавме. Кој сега има потреба Фатиме Фетаи одново да ја преоткрива Америка, прашува Героски.

Понатаму во текстот, новинарот пишува:

Единствената „бомба“ во која се води суштинска материјална расправа за тоа кој е убиецот е онаа во која говори Катерина Најденова, гатачката на поранешниот премиер Груевски. Нејзина соговорничка е Ленче Самарџиска, секретарка на поранешниот премиер. Во разговорот гатачката на секретарката ѝ кажува дека јавноста ќе биде во шок од тоа што ќе излезе на виделина, имено кога ќе се открие и дека во убиството „има умешано некој со униформа“. Според сите извештаи во медиумите од последното бомбашко шоу на Фатиме Фетаи, ова е единствената „материјална“ трага што е објавена. Се разбира, под услов да имаме доверба во вештината и во натприродните моќи на госпоѓата Најденова.

За успехот на сценскиот настап на Фетаи веројатно најважни биле најспектакуларните разговори, оние кои носат најмногу поени за „уметнички дојам“. Како, на пример, чамче муабетот во кој Орце Камчев и Оливера Трајковска онака „стручно“ го коментираат и го „реконструираат“ случајот од сите аспекти (дури и техничките прашања се адресирани). Па оној разговор меѓу Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, во кој Јанкуловска сооопштува едно важно историско откритие, дека „вакво нешто во историјата на Македонија немало“. Па оние детали за замешателството на Блерим Беџети во менаџирањето на кризата во ДУИ поради процесите…

Целата вест прочитајте ја на ПлусИнфо

Најнови вести